1 00:00:01,235 --> 00:00:08,200 Од неговото лансирање во 1990 година, вселенскиот телескоп Хабл од НАСА / ЕСА го истражува универзумот. 2 00:00:09,495 --> 00:00:14,600 За да добие кристално чисти слики од далечни галаксии и слабо-видливи маглини, 3 00:00:14,695 --> 00:00:21,000 Хабл се потпира на софистицирана машинерија за да го задржи својот поглед на целта. 4 00:00:28,000 --> 00:00:31,000 Како Хабл се ориентира во вселената? 5 00:00:33,375 --> 00:00:40,000 Од неговата гледна точка над Земјината атмосфера, Хабл го набљудува Универзумот 24/7. 6 00:00:40,255 --> 00:00:48,100 Хабл, кој се врти околу Земјата со 28 000 километри на час, мора да се потпре на својот прецизно подесен Систем за контрола на насочувањето 7 00:00:49,700 --> 00:00:54,200 за да се осигура дека неговите научни инструменти гледаат директно во далечните цели. 8 00:00:57,875 --> 00:01:03,700 За да се осигура дека неговиот поглед никогаш да не застрани, Хабл користи три Сензори за фино насочување 9 00:01:03,915 --> 00:01:06,425 кои се наоѓаат околу периферијата на телескопот. 10 00:01:07,015 --> 00:01:11,500 Овие сензори му обезбедуваат на Хабл прецизни информации за насочување. 11 00:01:11,545 --> 00:01:14,255 Тие внимаваат на помошни ѕвезди-водилки 12 00:01:14,255 --> 00:01:20,900 кои му овозможуваат на Хабл да ја одреди својата ориентација во вселената и да остане фокусиран на една точка. 13 00:01:20,980 --> 00:01:26,400 Кога телескопот застрани дури незначајно, овие сензори тоа ќе го детектираат. 14 00:01:29,060 --> 00:01:35,800 За да ја смени својата ориентација и да го корегира застранувањето, Хабл не користи горива. 15 00:01:35,865 --> 00:01:41,000 Нивните гасови би можеле да ги загадат набљудувањата на Хабл и да го ограничат неговиот животен век. 16 00:01:41,025 --> 00:01:48,000 Наместо тоа, Реакционите Тркала го насочуваат телескопот, користејќи го елегантниот принцип на Третиот Њутнов закон: 17 00:01:48,000 --> 00:01:53,355 ако едно од тркалата се сврти во насока на стрелките на часовникот, Хабл ќе се сврти спротивно од стрелките на часовникот. 18 00:01:56,205 --> 00:02:01,900 Овие четири големи, масивни летечки тркала се вртат брзо под контрола на компјутерот на Хабл 19 00:02:01,960 --> 00:02:06,300 и го движат телескопот со помош на огромниот вртежен момент генериран од нивното вртење. 20 00:02:09,620 --> 00:02:16,000 Но, дури и кога е најбрз, Хабл може да ротира толку брзо како големата стрелка на часовникот 21 00:02:16,080 --> 00:02:19,340 - само 90 ° за 15 минути. 22 00:02:22,875 --> 00:02:29,900 Откривањето на вакви минутни движења бара најдобри и најчувствителни гироскопи во светот; 23 00:02:30,845 --> 00:02:33,425 Хабл има шест од нив. 24 00:02:33,425 --> 00:02:38,300 Тие постојано мерат дали и со која брзина телескопот се врти. 25 00:02:38,440 --> 00:02:45,000 Во комбинација со фините сензори за насочување, тие го одржуваат телескопот прецизно насочен за долги периоди, 26 00:02:45,880 --> 00:02:50,120 овозможувајќи му на Хабл да ги создаде неговите спектакуларни погледи на Универзумот. 27 00:02:54,100 --> 00:03:00,000 За да работи со оптимална ефикасност, на Хабл му требаат три од своите шест гироскопи - 28 00:03:00,280 --> 00:03:06,640 - но дури и ако само еден е достапен, неговите научни способности нема да бидат погодени ниту во најмала рака. 29 00:03:11,140 --> 00:03:14,060 Заедно овие три системи дозволија Хабл 30 00:03:14,065 --> 00:03:20,000 да ја изврши својата извонредна научна мисија во последните 28 години. 31 00:03:20,040 --> 00:03:26,000 И многу повеќе нови откритија може да се очекуваат во годините што доаѓаат. 32 00:03:26,000 --> 00:03:30,960 Hubblecast е произведен од ESA / Hubble на Европската Јужна Опсерваторија во Германија 33 00:03:30,960 --> 00:03:35,900 Мисијата на Хабл е проект за меѓународна соработка меѓу НАСА и Европската вселенска агенција. 34 00:03:36,640 --> 00:03:39,680 Субтитли на ЕСА / Хабл. Превод на Андреј Стојчевски ---